Докажано постоење на џиновски систем езера на Марс

Сподели со своите пријатели

Научниците откриле први геолошки докази на голем систем подземни езера на Марс. Пет од тие езера потенцијално содржат минерали клучни за развојот на животот.

Loading...

Новото истражување покажало дека Марс некогаш имал огромен систем подземни води, кои се протегале ширум планетата, утврдила Европската агенција за истражување на вселената (ESA), со помош на сондата „Марс експрес“.

– Младиот Марс бил воден свет, но како климата на планетата се менувала, таа вода се повлекувала од површината под земјата. Ги следевме трагите на водата во тоа истражување, затоа што и натаму се води дебата за тоа колку ја имало на Црвената планета. Тогаш откривме и први докази за планетарен систем на подземни води, рекол лидерот на истражувањето Франчесто Салезе.

Испитани се 24 длабоки затворени кратери на северната хемисфера на Марс, кои биле на длабочина од 4.000 метри.

Нивните дна имаат одредени особини кои би можеле да настанат само со присуство на вода, како долини и канали, како и делти кои се форирале поради растечки и опаѓачки нивоа на воддата.

– Овие езера постоеле пред околу 3,5 милијарди години биле тука во време кога на Марс се наоѓал голем океан, навел Џан Габриел Ори, објаснувајќи дека подземните езера најверојатно биле поврзани со океанот, за кој се смета дека постоел пред три до четири милијарди години.

Loading...

Истражувачите биле многу возбудени затоа што на местото на пет езера откриле минерали, како карбонати, силикати и глина.пронаоѓањето на ова дополнително ја потврдува теоријата дека животот во некоја форма на Марс бил присутен во даден момент.

Leave a Reply