Доделени Ноемвриските награди (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три физички и две правни лица се добитници на овогодинешната Ноемвриска награда, како најпрестижно признание кое го доделува Општина Куманово за врвни достигнувања на поединци, група граѓани или претпријатија, а по повод Денот на градот, 11 Ноември.

Loading...

Наградата на денешната свечена седница на Советот на Општина Куманово која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ им беше доделена на лекарите Хасан Хасани, Радомир Гелевски и историчарот Димитар Масевски.

Од правните лица добитници на Ноемвриска награда за оваа година се Женскиот ракометен клуб Куманово и ООУ „Крсте Мисирков“.

Хасан Хасани е лекар, специјалист педијатар, основач на приватна здравствена установа „Зана“, а наградата му се доделува за неговиот придонес и ангажман во неговата дејност за што сведочат и добиените признанија и пофалници од релевантни институции од земјата и од странство.

Loading...

Радомир Гелевски е лекар специјалист по абдоменална хирургија и раководител на Оддел за хирушки болести при Општа болница Куманово. Тој е автор и коавтор на повеќе стручни трудови во областа на абдоменалната хирургија, а наградата му се доделува за неговиот ангажман и придонес во здравствената дејност, а особено во унапредувањето на хирушките процедури и интервенции.

Димитар Масевски е историчар и основач на Друштвото за наука и култура „Парадигма“, а наградата му се доделува поради неговата повеќедецениска, културна и општествена и творечка активност, особено во афримација на градот преку издавање на повеќе трудови посветени на историјата на градот Куманово.

Женскиот ракометен клуб Куманово, кој оваа година одбележува јубилеј од 90 години постоење и е најстар спортси колектив во државата. Наградата им се доделува поради одличните резултати во ракометот кои ги остварија во изминатите години, а особено за остварениот трофеј Куп на Македонија во сезоната 2019/2020 година.

Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ наградата ја добива за долгогодишната успешна реализација на воспитно-образовниот процес, реализација на голем број воннаставни активности во повеќе сфери и реализација на проекти за што сведочат наградите на учениците и наставниците.

Градоначалникот Максим Димитриевски додели и благодарници на повеќе музичари, семејства на загинатите борци и сите оние кои допринеле за развојот на Куманово во текот на изминатите години.

Leave a Reply