Додека сите трчаа да се поздрават со Зеленски, овој лидер бегаше од него (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Однесувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на средбата на лидерите на ЕУ и премиерите на земјите-членки на Унијата и понатаму ја окупира светската јавност, речиси повеќе од обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Имено, за време на вчерашната средба, Виктор Орбан прилично го игнорираше претседателот на Украина, а сега се појави ново видео на кое се гледа како унгарскиот премиер Виктор Орбан апсолутно го игнорира Зеленски, но и другите лидери на ЕУ.

 

 

Додека некои премиери се гушкаа, се насмевнуваа и се ракуваа со Зеленски и го тапкаа по рамо, Орбан мирно седна на конференциската маса и како совесен и одговорен државник се спреми за седницата, ја отвори папката, ги нареди документите.

Ваквото однесување на унгарскиот премиер наиде на напад на проукраински активисти на социјалните мрежи кои рекоа дека тој е кловн, соработник на Кремљ, дека заминал на другата страна.

Во таа акција се истакнаа белоруската опозициска агенција NEXTA, која работи од Варшава, како и активисти лојални на украинскиот претседател.

Loading...

 

 

Да потсетиме дека од почетокот на војната во Украина, Виктор Орбан воопшто не беше симпатичен кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го критикуваше и го сметаше за еден од виновниците за војната во Источна Европа.

Тој, исто така, одби Унгарија да обезбеди воена помош во Украина, под притисок гласаше за санкциите на Брисел против Москва, но често го испраќаше и својот министер за надворешни работи Петер Сијарт во Москва.

Ситуацијата меѓу Зеленски и Орбан ескалира кога украинските воени власти почнаа насилно да го мобилизираат унгарското национално малцинство кое живее во Транскарпатија во Украина, кое по Договорот од Тријанон и распадот на Австро-Унгарија ѝ припадна на Украина, а подоцна и на Советскиот Сојуз.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.