Додека се грижела за нивното болно дете тој ја изневерувал со нејзината сестра, во нивната куќа!

Сподели со своите пријатели

Една Британка дознала дека нејзиното момче ја изневерувал со нејзината сестра, тогаш нејзиниот свет пропаднал.

Loading...

– Секогаш се чувствував како грда сестра, а откако дечко ми ме изневери со мојата помала сестра, се чувствувам и како најголемата будала – ја започнува својата приказна.

– Јас сум 28, а тој 29, а сестра ми 26 години. Сè беше во ред се додека не се собравме за Велигден и тогаш сè тргна наопаку – вели девојчето и продолжува:

 

 

– Таа ноќ легнав порано затоа што нашата тригодишна ќерка беше болна, и често ќе ме буди во ноќта. Двајцата останаа да пијат во дневната соба.

– Следното утро, сестра ми ја немаше, а дечко ми изгледаше очајно. Тој буквално се отргна кога почнав да го гушкам. Веднаш знаев дека нешто не е во ред – изјавува Британката.

Loading...

– Вечерта, додека гледавме телевизија, го замолив да ми каже што се случи. Срцето ми се скрши кога тој започна да плаче и да ми објаснува како обајцата биле пијани и дека се сеќава само дека иамле орален секс. Таму, на истата онаа фотелја во дневната соба – искрено рече.

 

 

– Плачеше како дожд и молеше за прошка. Ми рече дека тоа се случило само еднаш, и дека алкохолот е виновен за сè, и дека воопшто не ја сака сестра ми. Ние сме заедно 6 години и го сакам со сето свое срце, но не знам како да го преболам ова. Затоа решив да се разделам некое време – објаснува оваа девојка.

– Се чувствувам изневерено, немам тронка самодоверба. Кога ќе се погледнам во огледало, гледам некој кој е дебел и грд. Се прашувам зошто тој воопшто е со мене … Сестра ми живее во соседната улица и никогаш не сме виделе ниту слушнале за овој настан. Цело време се прашувам, како можам да му дадам втора шанса кога ме изневери, и тоа со сестра ми – вели очајната девојка.

Leave a Reply