Додека правиме планови за иднината, животот минува покрај нас

Сподели со своите пријатели

Не жалете за минатите времиња и не планирајте за иднината. Живејте во сегашноста и уживајте во моментот, затоа што животот пролетува додека да трепнеме.

Loading...

Кога размислуваме премногу за иднината и правиме планови, забораваме да уживаме во тоа што е моментално околу нас, а кога ќе погледнеме наоколу, сè е надвор од контрола и животот е исчезнат и не уживавме ниту еден момент.

Во една прилика, Џон Ленон рече: „Животот е она што се случува додека ние сме зафатени со правење планови за иднината“.

Планот мора да постои, но важно е да не трошиме премногу време на размислување и чекање.

Понекогаш е најдобро да се остават работите да одат по нивниот тек, тоа што е предодредено ќе се случи секако.

Image by Ulrike Mai from Pixabay

„За навистина да бидете среќни и да го искористите животот, што е дар од Бога, мора да научите да го цените она што го имате моментално и да бидете благодарни за луѓето околу вас. Гледањето назад кон минатото и жалејќи се за некои работи само го руши мирот.

Loading...

Никој не знае што носи иднината. Сакајте, љубете, живејте и бидете благодарни. Само тогаш ќе бидете среќни.

Треба да ги следите овие 4 правила ако сакате да живеете исполнет и среќен живот:

Image by Dimitris Vetsikas from Pixabay

Цени го тоа што го имаш

Луѓето ги земаат работите здраво за готово и забораваат да поминат неколку моменти за да му се заблагодарат на животот за работите што ги имаат и да им кажат на најблиските колку многу ги ценат.

Честопати сме толку окупирани со работа и правејќи планови што забораваме на едноставни работи.

Затоа, кажете им на вашите најблиски колку ги сакате и ценете ги сè додека не е предоцна.

Loading...

Не го сфаќајте животот премногу сериозно

Проблемите се составен дел од животот, но на нив треба да им се пристапи со позитивен став, затоа што животот на тој начин станува многу полесен и посреќен.

Не трошете премногу енергија на ирелевантни настани и не дозволувајте сите да ве исфрлат од такт. Во животот треба да се ужива и забавува.

„Животот е многу едноставен, но луѓето го прават комплициран, без очигледна причина“, рекол Конфучие.

Image by Alexas_Fotos from Pixabay

Здравјето е важно

Човекот се стреми кон материјални работи и заборава колку е важно здравјето. Никакви пари не можат да го надоместат тоа.

Loading...

Само кога болеста станува единствениот проблем сфаќаме колку е лесен животот и колку време се троши трчајќи цело време за материјални работи.

Живејте во сегашниот момент

Само кога ќе научиме да го цениме она што го имаме, ќе ја отвори вратата за некои нови и поголеми работи.

Погледнете наоколу и ќе сфатите колку навистина сте благословени.

Ако малку размислите за тоа, ќе откриете дека веќе имате сè што ви треба.

Leave a Reply