Додека пратеникот дебатира, претседателот му го храни бебето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд, Тревор Малард, за време на парламентарната расправа хранел бебе на еден од пратениците во тоа законодавно тело.

Loading...

Малард на Твитер објавил фотографија од себе како го храни детето на претставникот Тамати Кофи, додека ја води седницата.

Лабуристичкиот застапник Тамати Кофи објавил дека во јули добил син. Детето е родено со сурогат мајка, а биолошкиот татко на момчето е партнерот на Кофи, Тим Смит.

Кофи во среда за прв пат присуствувал на седницата по враќањето од боледување, а со себе го понел и синот.

Претседателот на законодавното тело, воедно татко на три деца, ја презел улогата на дадилка, но истовремено и ја водел седницата.

Кофи е последен во низата политичари кои довеле свое дете на работното место, откако тоа, меѓу останатите, го направиле и британската пратеничка Џо Свинсон в 2018 година, како и австралиската сенаторка Лариса Воерс во 2017та.

Во септември минатата година, претседателата на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн стана првата политичарка во историјата која донела тримесечно бебе на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации.

Leave a Reply