Добила бакшиш од 400 долари, а кога отишла да се заблагодари, следувал ШОК! (видео)

Сподели со своите пријатели

Кајла Чендар, келнерка на Хаваите, работи во два ресторани. Поради големите трошоци била принудена да го напушти образованието и да се посвети на работата, се додека еден пар од Австралија не ја изненадил.

Ме прашаа од каде сум и реков дека сум дојдена тука поради школување, но дека сум влегла во долгови, дека не можев да го продолжам образованието, па почнав да работам во два ресторани – рекла келнерката.

Повеќе не се распрашувале, но многу се изненадила кога на нивната сметка од 200 долари видела дека и оставиле бакшиш од дури 400 долари.

Помислив „многу великодушно“ од нив. Никогаш немав добиено толкав бакшиш, морав да им се заблагодарам. Додека разговаравме рекоа каде се сместени, па решив да ги пронајдам – рекла таа.

Loading...

Кајли пронашла каде се сместени и им однела цвеќе и благодарница за да им се заблагодари за љубезноста. Меѓутоа, дури тогаш следувале изненадување. Парот следниот ден се појавил во ресторанот и понудил да и помогне во исплата на школарината од 10 илјади долари.

Реков нема шанси, не мора да го правите тоа за мене. Само сакав да кажав благодарам. Меѓутоа тие беа многу упорни. Рекоа дека најголема благодарност ќе им биде ако живеам што подобро – објаснила оваа среќна девојка.