До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне, особено на север и на исток, ќе биде променливо облачно, а во целина и особено попладне ќе преовладува сончево време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 степени во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.

 

Loading...

 

До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени.

По денешните пониски дневни температури, во петок и за викендот дневната температура брзо ќе се покачи, додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Никола Ивановски