До сабота покачување на дневните температури, од недела врнежи и повторно пад

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 5 до 12, додека максималните ќе бидат во интервал од 20 до 26 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, но без услови за врнежи. Ќе дува слаб бетер од северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 24 степени целзиусови.

До сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, а нов влажен бран со врнежи од дожд и појава на грмежи се очекува в недела, кога ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура.