До понеделник температури и над 30 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја.

 

 

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб вегер од јужен, односно југоисточен правец.

Loading...

Во попладневните часови е можна појава на слаби услови за дожд и грмежи. Максималната температура се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

 

 

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени.

Во ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply