До крајот на денот се очекува нестабилност во кумановско

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи упати информација за појава на нестабилност и опасни временски појави, во која се наведува дека до крајот на денот се очекува регионот на Куманово да биде зафатен од вакви појави.

Loading...

Рано попладнево се појавија први грмежи на североисток, а потоа и на север од Пелагонија. Нестабилноста на североисток преку делови од Кривопаланечко е особено силна и од неа има чести грмежи, пороен дожд и веројатно и појава на град. Во овој регион и ветерот ќе биде повремено засилен, информираат од УХМР.

Во 14 часот и во делови од градот има појава од врнежи од град. Нестабилноста се преместува неправилно но генерално со мала брзина кон југ и југоисток.

До крајот на денот нестабилно ќе бида на североисток и на север, пред се и во деловите на Кумановско и дел од Скопскиот регион.

Leave a Reply