До кога ќе уживаме во есенското сонце?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда (30.10).

Leave a Reply