До четврток сончево и топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до
умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а индексот на УВ зраците ќе биде висок, со коефициент 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне до 31-от степен.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Во четврток, како што најавуваат од УХМР, ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи.

Leave a Reply