До четврток нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошк работи.

Од пладневните часови ќе биде нестабилно, на места со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува претежно облачно време со услови за врнежи во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југ, односно југоисток, а максималната дневна температура ќе изнесува 22 степени.

Од УХМР потенцраат дека до четврток ќе се задржи променливо облачно време, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Во среда и четврток се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови.

Во петок и сабота ќе има појава на повремен локален дожд

Leave a Reply