До 2020 година опфатот на деца во предучилишна возраст треба да биде 95%

Сподели со своите пријатели

Вкупно 95 отсто од децата кои се на возраст од четири години до поаѓање во основно образование треба да бидат опфатени во предучилишното воспитување, ова е иницијативата на Европската комисија која наскоро ќе треба да ја прфитат земјите членки на ЕУ, но и Македонија како земја која претендира да стане дел од оваа семејство.

Денес во рамките на презентација на иницијативата во кружната сала на поранешен комитет се одржа и трибина на темата Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурување рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување. Настанот беше во организација на Фондацијата за културни и образовни иницијативи „Чекор по чекор“ од Скопје, а нивната преставничка Елена Мишиќ денеска ги презентираше целите на проектот пред кумановските општествени фактори.

–  Се работи за еден документ кој е во фаза на усвојување и со тоа ќе стане обврзен за сите земји членки и кандидатки, а кој го дефинира квалитетот и обврските на сите држави и учесници, општините, градинките, граѓанскиот сектор, за остварување на 95% опфат на деца од четири години до поаѓање во основно образование и понатамошни размисли не само за подобрување н опфатот туку и за дефинирање на што е она што сите чинители треба да го прават како своја обврска за да оствариме еден систем на квалитетно предучилишно образование и воспитание. Тоа подразбира квалитетна работна сила, компетентни системи, еден функционален систем на следење и вреднување и поефикасно и поефективно искористување на средствата и на управувањето со самиот систем и установите во системот, вели Мишиќ.

Loading...

Како што додаде претставникот на фондацијата овој документ се очекува да стане обврзан и за Република Македонија во мај следната година. Како што додаде опфатот во Македонија секогаш бил мал, но со висок квалитет.

– Отсекогаш опфатот во Македонија бил мал, но затоа квалитетот бил на многу високо ниво. Фондацијата „Чекор по чекор“ веќе 20-25 години работи на оваа поле и ние можеме слободно да тврдиме дека од сите потсистеми за образование можеби квалитетот е највисок во предучилишното, но тој сега се наоѓа во една ситуација на проширување и наша грижа, на граѓанскиот сектор и експертската јавност да се погрижиме при ова масовно проширување да не го изгубиме квалитетот.

Работилниците треба да дадат резултати и насоки како да се имплементира овој окумент на ниво на државата, а во соработка со градинките и општините со цел ефикасно вклучување во процесот.

Leave a Reply