Украинските вооружени сили ја гранатираа самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) 57 пати во последните 24 часа, при што загинаа тројца цивили, а беа ранети уште шест, соопштија властите на ДНР.
Loading...
Во соопштението на проруските власти се наведува дека украинските сили користат ракети и артилерија, вклучително и ракети на НАТО од 155 милиметри, како и минофрлачи и ракетни фрлачи, а врз областа биле истрелани вкупно 254 гранати.
Наведено е дека десет населени места биле под украински оган и дека се оштетени 12 куќи и пет објекти од цивилна инфраструктура, пренесува ТАС С.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.