ДНР: Повеќе од 25 украински војници загинаа во ДНР во изминатите 24 часа

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 25 украински војници се убиени во изминатите 24 часа во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), тврди денеска прес-службата на Народната милиција на ДНР.

Loading...

Прес-службата на Телеграм напиша дека во последните 24 часа силите на народната милиција на ДНР уништиле девет украински оклопни и моторни возила.

Во соопштението се наведува дека украинската армија во изминатите 24 часа гранатирала девет населени места во ДНР, при што загинале двајца цивили, а еден е повреден, пренесе ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.