Дневните температури во пораст, утринските во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне во јужните делови со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе има сончеви региони. Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 23 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 28 степени целзиусови.

Од четврток до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да е особено топло. а најсвежо наутро ќе е во четврток и петок.