„Дневникот на лудиот“ следната недела во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

На сцената на НУЦК „ Трајко Прокопиев“ – Куманово на 05.11 (вторник) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата, односно монодрамата од Скопје – „Дневникот на лудиот“ од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски

Loading...

Дневникот на лудиот до сега има учествувано на четири театарски фестивали, Интернационалниот театарски фестивал на монодрама во Битола, МТФ Војдан Чернодрински Прилеп, на ИТФ Лица без Маски оваа година претставата освои награда за најдобар актер на фестивалот за Бобан Алексоски, на ИТФ БАТИФ Тирана, Албанија во 2017 година монодрамата освои две награди, за најдобар актер и најдобра режија на фестивалот за Алексоски и Ризески.

– Нема да видите класична монодрама, публиката е голема улога во претставата, режијата е блиска е до младиот човек и до сега сме имале голем интерес – велат Ѓорѓи и Бобан

Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее. Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината? Дали?! „Дневникот на лудиот“ е провокативен текст, кој иако напишан во 1835год. е сеуште ужасно актуелен. Гогољ сака на некој начин да не’ разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент – трката во која живееме.

„Нашата претстава се занимава со тоа колку е важно да се има поддршка за да се успее во животот, колку сме виновни што сме добиле или не сме добиле од него. Разочарувањето не е одговор, има нешто среќно што го трагаме сите, но многу пречки што самите сме ги создале не ни дозволиле за да конечно го најдеме и му се радуваме до крај.” порачува екипата.

Инаку Ѓорѓи Ризески режисерот на претставата неодамна во Театар Куманово ја имаше премиерата на претставата Бегалка во негова режија, Бобан е млад актер кој во 2011 година во прва академија на студии ја имаше првата професионална претстава како актер, го играше Петар Пан во истоимената претстава.

Ова гостување е поддржано од Министерството за култура на РСМ во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2019 година“.

Leave a Reply