Дневна коктел забава во Бар Трговски во сабота

Сподели со своите пријатели

Во сабота, на 3 јуни, со почеток во 13:00 часот, во кафе барот Трговски ќе се оддржи дневна коктел забава. Забавата ќе трае се додека не си замине последниот посетител, цените на коктелите промотивни, па така ова претставува одлична промена за сите оние кои сакаат да ја променат рутината и дневната шема.

Loading...

За музика задолжени ќе бидат Дадо К, Марко, Коцевски и Симоновски кои со своите сетови секогаш успеваат да ги размрдаат присутните. Ова е прва од серијалот на дневни забави кои менаџерскиот тим на локалот ги има испланирано. Секако остануваат и вечерните забави кои до сега се покажале како полн погодок за љубителите на електронската музика.  Нашата екипа ќе биде присутна таму, а ги каниме и сите оние кои сакаат добро да се изиграат на јунското сонце.