ДКСК ја запре постапката за наводна злоупотреба на финиансиски средства за спортот во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Државната комисија за спречување корупција ја запре постапката за наводна злоупотреба на средствата предвидени за финансирање на спортот во градот во Општина Куманово.

Loading...

Предмалку ова го соопшти градоначалникот на Максим Димитриевски, а неговите ставови ви ги пренесуваме интегрално:

Целосно се запира постапката којашто беше поведена од страна на Државната комисија за спречување на корупција по доставена анонимна пријава за наводна злоупотреба на мојата службена должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година.

Ја почитувам и поздравувам одлуката на Државната комисија за спречување на корупција и давам целосна поддршка во нивната понатамошна борба против корупцијата во нашата држава.

Ова е уште доказ дека Општина Куманово работи целосно транспарентно и во служба на граѓаните. Ние сме избрани од граѓаните и работиме за потребите на граѓаните, па токму затоа и транспарентно и отчетно го водиме процесот на трошење на општинскиот буџет, а резултатите од тоа најдобро ги согледаат граѓаните преку сите досега реализирани проекти.

Во Општина Куманово не постои злоупотреба во средства за финансирање на спортот, напротив, спортот континуирано се развива и ќе продолжиме да го афирмираме и унапредуваме во интерес на граѓаните на наше Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply