Дизниленд бара принцеви и принцези: Еве како да конкурирате за работа од бајките

Сподели со своите пријатели

Дизниленд објави дека распишува конкурс за луѓе кои ќе работат како принцеви и принцези. оваа компанија бара ентузијастични и енергични луѓе кои ќе ги оживеат ликовите на јунаците на Дизни, пишува „Мирор“.

За сит еоние кои некогаш замислувале да станат принц од „Снежана и седумте џуџиња“ или Бела од „Убавицата и Ѕверот“ ова е вистинка можност тој сон да им се реализира.

Сите кои сакаат да се пријават мора да бидат подготвени да се преселат во Париз, затоа што Дизниленд се наоѓа во Франција.

Кандидатите кои ќе се пријават мора физички да личат на ликовите на Дизни и да знаат да пеат и играат. Исто така, висината игра голема улога, па е потребно заинтересираните да бидат високи помеѓу 137 и 193 сантиметри.

Кандидатите мора да знаат француски и англиски јазик и да имаат најмалку 18 години.

Огласот за работа и распоредот за аудиции погледнете го ТУКА.