Дизелот и бензините по поскапи цени

Сподели со своите пријатели

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата, бензините поскапуваат за два, додека дизелот за 1,5 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР 95 ќе бидат 62 денари, на ЕУРОСУПЕР 98 64 денари, а Дизелот ќе се продава по цена од 48,5 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија од вечерва на полноќ Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 37,5 денари по литар.