Дишејќи го загадениот воздух ни следуваат по седум цигари дневно (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Без разлика дали сме пушачи, дишејќи го загадениот воздух во делови од земјава ни следуваат по седум цигари дневно, рече денеска Борис Секирарски, метеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи на трибината „Заштита на амбиенталниот воздух во Општина Куманово“ која денеска се одржа во кружната сала на зградата на поранешен Комитет, а во организација на локалната самоуправа.

– Делови од Македонија живеат под посебен режим, т.н. скриени пушачи сме ние, каде и Куманово и Скопје на пример, Пелагонија, се наоѓаат во такви ситуации, а од друга страна не сме само ние во Европа. И Полска, помали региони од Балкан, Западна Турција, имаат слични проблеми и мали региони во Западна Европа. Податоците од УХМР во проектот отворени податоци можат да послужат за постојано известување за една појава важна за загадувањето, а тоа е појава на инверзија. Инверзија е кога температурата расте со височина, па како капак стои и го држи нечистиот воздух во котлините. Кај нас всушност котлините имаат проблем, на Водно е убаво, на Шапка е супер, но котлините како Скопска, малку помалку Кумановска, се разбира и од причините што се локални имаме загаден воздух со денови, но инверзијата во текот на денови се менува и попушта, но некогаш трае и по неколку денови, рече Секирарски.

 

Loading...

 

 

Како што додаде метеорологот Секирарски, кога тивко мирно време со влага во воздух, има таложење на поголема концентрација на изворот на загадувањето. Струењето во котлините, како што вели експертот на УХМР скоро не постои.

 

 

 

Loading...

На заедничка маса седнаа дел од советниците, институциите во градот, но и експертската фела. На трибината свое излагање имаше проф. др. Живко Давчев од Факултетот за земјоделство кој пред присутните говореше за аеросолната метода која веќе се спроведува втора година по ред и предностите која ги нуди истата.

– Основата секако доаѓа од возилата, бидејќи една мерна станица ни беше овде пред оваа зграда, каде немаше време, треба да чекате 15-20 минути за да ја преминеш само улицата од едната на другата страна. Тие возила се контролираат врз основа на регистрација, но не се контролираат врз основа на инздувните гасови. Пред општината имавме ние една мерна станица, една вечер 890 беше коефициентот, пред самата општина Куманово некаде беше 22 часот навечер, тивко е тоа, заградено е местото, прометна улица и коефициентот се зголемува. Долу покрај реката исто така кај што се куќите коефициентот е не да носите една гас маска, туку треба две да носите, вели професорот Давчев.

 

 

Коефициентот како што рече Давчер расте од 17 до 22 часот, по што опаѓа, за разлика од Скопје каде во текот на ноќта расте загаденоста, а опаѓа околу пет часот наутро.

– Во населбата Перо Чичо меревме 4-5 пати и зависи какво е времето. Кога е тивко стигнува и до 700. Има извештај на 28 страни напишан и е доставен до Општина Куманово. Самиот податок покажува дека се јавуваат различни фактори на кои треба план, конецпција, да се делува и како тие да се смалат. Ланската година имавме добра опрема, која даваше околу 500 капки на сантиметар квадратен. Оваа година отидовме на најнова верзија на опрема и нашиот развоен институт вложи 10.000 евра и набавивме две нови машини кои имаат домет 40 метри лево-десно и 15 метри висина, значи целиот булевар се минува, додава Давчев.

 

 

 

На трибината се расправаше и за гасификацијата како долгорочно решение на аерозагадувањето, но и покрај субвенциите од 10.000 денари кои ги дава Општина Куманово, мала е опфатеноста, вели директорот на ЈП „Куманово гас“ Никола Денковски.

– Имаме изградено околу 15 километри дистрибутивна мрежа, претежно низ централното градско подрачје, меѓутоа покрај ова што имаме мал број километри изградено, интересот на граѓаните е прилично мал, пред се според некои наши анализи мислиме дека тука е економската ситуација на граѓаните, бидејќи ова е инвестиција која захтева висок износ на средства, од аспект на внатрешна инсталација, како и за плаќање на приклучокот кој изнесува во овој момент 800 евра, изјави Денковски.

 

Loading...

 

 

И покрај денешната трибина за утре на граѓанска иницијатива во 12 часот на градскиот плоштад ќе се одржи и протест под мотото „Излези за чист воздух“.

 

 

Loading...

Leave a Reply