Директор отпуштил 900 работници преку интернет: Ги нарекол „глупи делфини“

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 900 работници биле изненадени кога извршниот директор на американската компанија ги отпуштил, непосредно пред празниците, преку апликацијата Зум.

Loading...

Според медиумите, тој директор и претходно имал лош однос кон вработените, нарекувајќи ги „глупави делфини“, бидејќи се бавни.

Вишал Гарг, извршен директор на Better.com, рече дека хипотекарната фирма отпушта девет отсто од своите работници. Станува збор за повеќе од 900 работници, кои за овие ненадејни отпуштања дознале од директорот, но на неочекуван начин – на состанок преку апликацијата Zoom.

„Ако сте на оваа покана (состанок преку Зум), вие сте дел од несреќната група која беше отпуштена“, им рекол директорот на сега веќе поранешните вработени, нагласувајќи дека нивниот работен однос веднаш завршува, пренесува Си-Ен-Ен.

 

 

Финансискиот директор Кевин Рајан бил нешто поемпатичен во изјава за Си-Ен-Ен и рече: „Отпуштањата се болни, особено во овој период од годината“, и објасни дека таков чекор е неопходен за њујоршката компанија да опстане.

Loading...

Сепак, извршниот директор Гарг изјави дека пазарната ефикасност, перформанси и продуктивност се причините за отпуштање на 900 работници, но не наведе зошто тоа го направил преку апликацијата Зум.

Покрај неочекуваното информирање на вработените дека се отпуштени, магазинот Форчен подоцна објави дека Вишал Гарг ги обвинил вработените дека „крадат“ од колегите и клиентите затоа што биле непродуктивни и работеле само два часа на ден.

„Ова е втор пат во мојата кариера да правам вакво нешто, а не сакам да го правам тоа. Последниот пат кога го направив тоа, плачев“, рече Герг во видео повик, а Си-Ен-Ен рече дека тоа го кажал без трошка емоции.

Извршниот директор Вишал Гарг и претходно ги навредувал вработените, судејќи по мејлот што им го испратил, а кој го добил магазинот Форбс.

Тој ги нарекол „куп глупави делфини“ во е-пошта затоа што биле „проклето бавни“.