Дипломирал на 11 години и има IQ 400, а работи во компанија за опремување куќи

Сподели со своите пријатели

Адрагон де Мело дипломирал на Универзитетот во Калифорнија на 11 години, има коефициент на интелигенција 400 и планот на неговиот татко бил тој да добие Нобелова награда до својот 16 роденден.

На својот татко може да му се заблагодари или да го обвини за својот успех и амбиции. Агустин де медо, неговито татко опсесивно го притискал својот син за да успее во таа намера.

Соништата за кои луѓето слушаат, за добивање на Нобелова награда и докторат, главно се од мојот татко. Такви работи мене не ми беа важни – рекол Адрагон за телевизијата „CBS“.

На 11-годишна возраст завршил компјутерска математика и со години бил најмладиот човек кој завршил факултет во историјата на САД. Адрагон ја знаел целата алфабета на само 2-годишна возраст, а веќе на третата научил да чита и пишува.

Неговите родители се развеле во 1988 година и по краток период на престој во хранителско семејство, живеел со мајката Кети Ган. Иако завршил факултет, запишал средно училиште под друго име. Вели дека така се чувствувал пријатно затоа што никој не знаел кој е тој.

Откако татко му преминал од рак, Адрагон се вработил во позната компанија за опремување на куќи и станови како проценител за комерцијално сликарство.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...