Димитровска: Да се однесуваме културно и демократски во овој изборен циклус

Сподели со своите пријатели

„Еднаш засекогаш да се однесуваме културно и демократски и овој изборен циклус да биде во согласност со сите пропишани законски норми“, порача Теодора Димитровска, кандидат на коалицијата ЛДП и ДОМ откако денеска заедно со своите противкандидати во трката за градоначалнички мандат на Куманово, го потпиша Кодексот за фер и демократски избори.

Loading...

 

 

Како што рече, ваков документ е нужен пред изборниот циклус затоа што и самите граѓани инволвирани во политиката се изложени на различни партиски притисоци.

– Сметам дека ваквите работи треба да ги оставиме настрана и еднаш засекогаш да се однесуваме културно и демократски и овој изборен циклус да биде во согласност со сите пропишани законски норми. Ова за мене е исклучително значаен документ, особено како млада личност знам колку на младите ни сметаат различни препукувања, па дури и несакани коментари кои можат да дојдат и од едната и од другата страна, така да мислам дека сите од кандидатите, па и јас од мое лично име да кажам дека ова кампања ќе биде позитивна кампања со едни интересни предлози и идеи и ќе бидат опфатени сите граѓани така да од моја страна можам да кажам дека нема да има препукувања и целосно ќе останам на нормите кои што беа споменати во кодексот, изјави Димитровска.

 

Loading...

 

Таа рече дека ќе ја прифати иницијативата на Димитриевски, во понеделник сите кандидати за градоначалник да имаат заедничка кафе средба со што официјално ќе ја започнат кампањата за годинешните локални избори.

Никола Ивановски