Димитров утре на средба со Рикер

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, утре, ќе го прими в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој претстојува во работна посета на нашата држава.

Loading...

– Се очекува министерот Димитров и високиот претставник на Стејт Департментот да разговараат за развојот на билатерални односи и за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и на партнерските односи, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот, информираат од кабинетот на Димитров.

Leave a Reply