Димитров и Коѕијас го потпишаа договорот за промена на името

Сподели со своите пријатели

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Псарадес го потпишаа договорот со кој се става крај на 25-годишниот спор помеѓу двете држави.

На договорот свој потпис стави  медијаторот Метју Нимиц, а со него се предвидува промена на името на нашата држава во Република Северна Македонија.

Свои излагања имаа премиерите на двете држави и медијаторот Нимиц, каде присуствуваат и високи претставници на ЕУ, Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Вториот дел од церемонијата ќе се одржи на македонска страна со свечен ручек и билатерална средба.

Leave a Reply