Димитриевски: Живееме во општество во кое оние кои се жртви сакаат да ги прикажат како главни виновници, во снимката не се нуди поткуп, туку се бараат пари

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус Куманово, во однос на снимката што утрово излезе во медиумите, потенцираше дека тоа е комплетно монтиран случај.

Loading...

„Запознаен сум со случајот. Живееме во едно општество во коешто конгломерат од луѓе кои се групирани во врвови на политички партии, особено на оние кои владеат, а со коишто јас расчистив секогаш се организираат да ги прикажат оние кои се жртва за главни виновници. Тоа е комплетно монтиран случај. Прво, самата снимка се слуша дека кандидатот за советник не нуди поткуп, туку од него се бараат средства. Уште од самиот почеток сум запознаен со таа случка. Тоа лице се има обратено и до мене, се има понудено да даде поддршка во изборниот процес. Го имаме упатено во надлежниот изборен штаб кадешто живее. Се сретнал со одговорното лице во тој штаб и побарал да му се дадат средства за да обезбеди гласови. Од моја страна, кога бев информиран изрично реков дека ние не се занимаваме со такви работи. Ниту сакаме, ниту пак ќе дозволиме да го прекршуваме законот и да нудиме средства за купување на гласови“, истакна Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски рече дека поддршката е повеќе од јасна во јавноста. Таа се чувствува и се гледа на секоја јавна средба.

„Едноставно, ние не функционираме така. Пријавен е случајот во МВР и се води истрага. Нека покаже истрагата, иако морам да кажам дека можеби СВР
Куманово е еден од најзлоупотребуваните системи на власта во овие избори. Покрај многу јавни институции кои се злоупотребуваат од страна
на кандидати кои се на власт преку централната позиција МВР и преку началникот на полицијата е едно од најзлоупотребуваните институции во
овие избори. Ако имате началник на полиција којшто согласно законот нема право на партиски активизам, ниту пак да членува во официјални органи и
тела, а најмалку во изборниот процес. Гледаме слики како отвора месни штабови заедно со кандидатот за градоначалник. Дополнително, има докази
и се повикуваат луѓе на разговори, се бараат спосоци од луѓе да обезбедат одреден број на сигурни гласачи кои би го поддржале против кандидатот и тоа се случува исто така и во други државни институции. Јас многу отворено на самиот почеток на кампањата на сите вработени во општинската администрација им реков без разлика кој на какво политичко убедување припаѓа ниту ќе дозволам, ниту пак ќе дозволам некому во општината да ја загрози позицијата на некој поединец којшто не дава поддршка на нашиот концепт“, изјави Димитриевски.

Тој посочи дека концепт „За наше Куманово“ е граѓански концепт со кој се оди многу отворено, транспарентно и достоинствено со граѓаните.

„Ние на овие избори излегуваме како граѓанска иницијатива во која имаме приврзаници и од едната, и од другата, па дури и од албански политички
партии, како и огромна поддршка од независниот електорат во Куманово. Тоа е повеќе од евидентно на терен. Затоа, воопшто не размислуваме, нитуќе дозволиме да се служиме со методи кои се несвојствени. Во минатото, со такви методи се служеше режимот на Груевски, ние се боревме против таквиот режим, против таквиот начин на однесување. Никогаш не сум се служел со такви методи, ниту пак некогаш имам побарано каков било список, а камоли да размислувам за таков начин на однесување“, додаде Димитриевски.