Димитриевски: Заеднички да ги надминеме предизвиците

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска присуствуваше на прославата за Бадник која ја организираше Здруежнието Коледари.

Loading...

Тој повика на заедништво, почитување, соработка, за да заеднички се надминат предизвиците во 2020 година. Посака здравје, среќа и љубов во секој дом.

-Во пресрет на најголемиот христијански празник рождеството на Исус Христос, во Куманово традиционално на градскиот плоштад Здружението Коледари организира манифестација, делење на бадникови гранчиња, сите сме среќни што имаме ваква организација во градот, воедно во оваа прилика сакам да го честитам големиот празник Бадник и Божиќ на сите православни христијани во градот, да повикам на заедништво, заемно почитување, соработка и да ги надминеме сите предизвици на иднината и во 2020 година заедно сплотени и единствени, здравје, среќа и љубов во секој дом, а обврска на нас политичарите е да работиме многу повеќе во интерес на народот бидејќи народот има потреба од просперитет и поубава иднина. Денеска во Куманово овој Бадник ќе се одбележи со повеќе настани тргнавме со Бадниковата поворка, овде сме на плоштадот а потоа ќе продолжиме по традицијата на нашите граѓани ќе посетиме неколку приградски населби и села кои што го одбележуваат денот и вечерва ќе се видиме на градскиот плоштад-нагласи Димитриевски.

Leave a Reply