Димитриевски: „За наше Куманово“ има намера да продолжи да инвестира во спортот и спортските активности (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нови инвестиции во областа на спортот и спортски активности, денеска на прес конференција најави независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски.

Loading...

Како што рече тој, денеска остварил средба со дел од кумановските спортски легенди и по разговорот на различни теми од областа на спортот, најави дека концептот „За наше Куманово“, ќе продолжи да инвестива во оваа област, со цел да се дадат поголеми можности за раст и развој на младите.

– Во изминатиот период покрај тоа што во Општина Куманово се изградени 13 нови спортски игралишта, трендот е да продолжиме да вложуваме нови средства и конечно да го затвориме проектот за целосна реконструкција на локалитетот Соколана која веќе едната фаза е завршена со апликација на Општина Куманово, а сме во втора фаза, а тоа е решавање на кровот, прозорците, вратите, со цел еден ден овој објект да биде наш современ музеј на спортот на градот, изјави Димитриевски.

 

 

Во моментот, како што рече Димитриевски, се работи на реконструкција на кровот на спортската сала, а целта е овој проект целосно да се заврши и со внатрешна реконструкција.

– Целта е да се затвори во целост и овој проект со реконструкција на овој спортски капацитет и тоа поставување на современ нов кров, внатрешно партерно уредување, нови подови, нови санитарни јазли и дополнително решавање на позицијата ладење и греење, рече тој.

Loading...

Градскиот стадион ќе се реконструира во неколку фази, најави Димитриевски.

– Нема да го оставиме и заборавиме и градскиот стадион, кој за разлика од останатите, имаме намера реално да го решаваме во неколку фази.Првично со уривање на веќе уништените трибини кои се наоѓаат на овој спортски капацитет и изградба на нови трибини, нови соблекувални и друг простор кој ќе се користи од страна на спортски клубови за развој на фудбалот кој со години е запоставен во нашиот град, изјави Димитриевски.

Како што истакна тој, Куманово е лидер акко општина, во државата и регионот со изградбата на нови спортски капацитети.

– Наша цел е секоја урбана заедница во градот да добие свое современо детско, урбано катче и секако свое спортско катче. Ќе продолжиме да инвестираме и на локалитетот Спомен Костурница каде веќе изградивме неколку современи спортски игралишта со вештачка трева за развој на фудбалот. Ќе го довршиме веќе почнатиот со градба анфитеатар и изградба на летно кино, летна сцена и дополнителни трим патеки за трчање и рекреација на најмладите, изјави кандидатот Димитриевски.

Никола Ивановски