Димитриевски за „Фокус“: Ќе понудиме нови политики и кадри!

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски за неделникот Фокус истакна дека граѓанското движење што ќе земе учество на следните парламентарни избори, ќе понуди нови реално остварливи политики со нов кадровски потенцијал на ниво на државата во сите градови и општини.

Loading...

Димитриевски посочува дека ќе има место за сите што сакаат да дадат свој придонес во реализацијата, но првенствено луѓе од теорија и пракса, без претходни опашки во политичкото и во општественото дејствување.

Како што наведува Димитриевски, еден од приоритети ќе биде бескомпромисна борба со корупцијата, повисок економски раст и алтернативи за енергетска независност на државата, а целиот концепт ќе биде по примерот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, првично ќе се мултиплицира по другите градови низ државата, а подоцна тие ќе бидат иницијатори за формирање на движењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест лица добија кривични за филмскиот грабеж во Куманово

„Немам досега разговарано за можни соработки и за формирање идни сојузи, ние планираме првенствено да бидеме во функција на граѓаните, во ниту еден случај на политички партии, а најмалку на поединци. Големо фајде од партиите во последните три децении граѓаните не почувствуваа, освен безброј афери и нагло осиромашување“, вели Димитриевски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.