Димитриевски: Во последните седум дена имаме 46 нови случаи, да ги почитуваме мерките

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешната прес конференција по одржана седница на Штабот за заштита и спасување упати апел граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, со оглед дека за една недела има 46 нови случаи на подрачјето на градот.

Loading...

– На територијата на Општина Куманово во последните седум дена имаме 46 нови позитивни ковид случаи и затоа оваа прилика ја користам да ги повикам граѓаните да ги почитуваат мерките, особено мерките каде што имаме поголеми собирања на граѓани на едно место бидејќи ковид кризата е присутна, сѐ уште ја немаме искоренето и ние со непочитување на мерките само даваме поголема можност оваа пандемија да се шири, рече Димитриевски.

Куманово, вели Димитриевски, се соочуваше со многу потешки состојби по однос на ковид кризата.

– Сметам дека можеме оваа бројка од 46 да се обидеме да ја намалиме во следниот период доколку самите како граѓани бидеме максимално дисциплинирани, додаде тој.

Никола Ивановски

Leave a Reply