Димитриевски: Угостителскиот објект има склучено договор за користење на простор

Сподели со своите пријатели

Општината нема издадено дозвола за користење на наведениот простор во комитет, бидејќи истиот го користат и со него управуваат повеќе субјекти  кои се носители на право на утврдување на сопственост и тоа:  СДСМ, Сојузот на борци на НОВ и Сојузот на синдикати на Македонија, стои во реакцијата на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, по вчерашната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ од каде потенцираа дека париски простории се издадени на угостителски објект.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

Посочениот угостителски објект  има склучено договор за користење на простор во 2012 година со важност до 2022 година и истиот е на сила. За жал морам да потенцирам дека ВМРО како политички субјект, не поседува ист таков договор за користење на простор во посочениот објект (зградата на поранешни општествено – политички организации – Комитет), а безосновано и спротивно на законот ги користи истите.

Општина Куманово ќе влезе во постапка на разгледување на сите склучени договори со сите корисници на простор во објектот и ќе излезе во јавност со резултатите од направениот пресек во интерес на граѓаните на Општина Куманово.

Дополнителни ги советувам претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со „лов на вештерки” затоа што Куманово е една убава и праведна реалност а не лоша „сказна” каква што беше Република Македонија во времето на нивно владеење. Нема да биде лошо да им одговарат и на кумановчани, но и на сите граѓани на Македонија: кога веќе барате амнестија, ајде да слушнеме за кого конкретно,  кој е вашиот став за Референдумот, чија кампања, за ваша информација, е веќе започната и зошто си давате лажни рокови како што е 10ти септември, зошто ја замајувате и дефокусирате јавноста, стои во реакцијата на Димитриевски.

Leave a Reply