Димитриевски со најголем рејтинг покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за претстојните локални избори ужива најголема доверба кај граѓаните, покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење.

Loading...

Така за Димитриевски како независен кандидат би гласале 16,2%, додека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски свој глас би дале 14% од испитаниците. Тука некаде со Михајловски е и кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за кој поддршка би дале 13,9% од испитаниците.

Потоа со 8,1% доверба според анкетата е Беким Салиу кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека Теодора Димитровска од коалицијата на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени“ има 2,5% од довербата.

 

 

Сепак, голем е процентот на оние кои сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат, и тоа дури 10,2% од испитаниците, а 12,5% одбиле да кажат. Само 2,6 отсто рекле дека нема да гласаат за никој.

Станува збор за телефонска анкета спроведена од Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ) во период од 15 до 20 септември.

Loading...

Истражувањето за рејтинзите на политичките партии е реализирано на репрезентативен примерок од 1100 испитаници. При спроведувањето на анкетата се запазени демографските карактеристики (пол, возраст, образование, урбана/рурална средина).

 

 

Маргиналната грешка е ±2% Истражувањата за избор на градоначалници се реализирани на репрезентативен примерок од 500 испитаници во Град Скопје, Тетово, Куманово и Струга. Маргиналната грешка за овие анкети е ±4%

Никола Ивановски