Димитриевски со младите делеше промотивен материјал: Младите се нашата иднина, им овозможуваме достоинствени услови и можности за работа

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска, денеска заедно со младите делеа промотивен изборен материјал на Градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

„Во нашата изборна програма имаме голем број на проекти кои значат подобрување на условите на сите млади кумановци. Ќе ги подобруваме училиштата, ќе градиме нови спортски терени, ќе им овозможуваме квалитетен развој во секоја струка. Младите се нашата иднина и затоа мораме да им овозможуваме достоинствени услови и можности за работа. Заеднички со нив, денеска разговаравме со граѓаните, им ја презентиравме победничката програма. Во план се реализација повеќе од 800 проекти. Убеден сум дека во недела, граѓаните повторно ќе ни ја дадат поддршката“, рече Димитриевски.