Димитриевски со честитка по повод Националниот ден на Власите

Сподели со своите пријатели

Со желби за личен успех и одржување на заедништво во мултиетничкото општество, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски упати честита по повод Националниот ден на Власите.

Loading...

– По повод 23 Мај, Национален ден на Власите упатувам срдечни честитки до припадниците на влашката етничка заедница со желби за личен успех и одржување на заедништвото во нашето мултиетничко општество. Припадниците на влашката заедница низ историјата оставиле значајни траги во градењето на македонската држава работејќи за нашите заеднички интереси и се нераскинлив дел од македонската нација. Нека е честит 23 Мај, Национален ден на Власите, напиша Димитриевски во честитката.