Димитриевски слави победа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неависниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски вечерва прогласи победа на локалните избори во Куманово и веќе започна да слави на градскиот плоштад со своите поддржувачи.

Loading...

 

 

Во кратката изјава за медумите Димитриевски рече дека победата ја носи убедливо и дека во вториот круг очекува уште повеќе да ја добие поддршката на граѓаните.

„Ова е победа на граѓаните за граѓаните на Куманово. Нашиот концепт е граѓански и тој концепт ќе победи и во вториот круг. Македонија мора да се менува. Куманово секогаш го следи трендот и секогаш бил предвесник на промените. Граѓаните на Куманово победија“, рече Димитриевски и додаде дека убедливо води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски.

Според неофицијални информации Димитриевски и кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски продолжуваат во вториот круг од локалните избори.

 

Loading...

 

Сепак, официјалните податоци на Државната изборна комисија се прикачуваат и обновуваат многу поспоро од учесниците на изборите. Според обработени 3.538 гласови,  благо водство има кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски има благо водство со 35,51% од гласови, додека Максим Димитриевски е зад него со 30,92 отсто. ТОни Михајловски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од 9,64 отсто од граѓаните, додека Беким Салиу од Алијанса за Албанците и Алтернатива има 15,89 проценти и Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ има 26 гласови.

 

Никола Ивановски