Димитриевски: Се случува невидена тортура и притисок од страна на поедини полициски службеници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат и сѐ уште актуелен градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска на прес конференција излезе со детали за тоа што се случуваше утринава кога со полициска придружба беше однесен на технички преглед на возилото во кое се движел

Loading...

Како што рече, веќе трета недела по ред во општина Куманово се случува невидена тортура и притисок од страна на поедини полициски службеници.

–  Јас како кандидат за градоначалник и активисти од штабот „За наше Куманово“, сме предмет на физичко и друго следење од страна на поедини лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Денеска откако го напуштив своето работно место и се упатив кај мојот матичен лекар да одам на редовен преглед и да примам терапија, по пат се упативме заедно со лицето Дејан Димитриевски кое управуваше со моторното возило, кое е уредно и технички исправно, бевме целосно следени целиот период од страна на возило со бела боја марка „шкода октавија“ која нема обележени флешери и други пропратни елементи дека е полициско возило, но имаше полициски таблички. Притоа возачот на моето возило потврди дека се работи за лицето кое што е возач на актуелниот началник на СВР Куманово Стојанче Величковиќ, рече Димитриевски.

 

 

Како што рече Димитриевски, возилото ги следело извесно време, по што набргу откако било забележано се повлекло, а ги запрело полициско возило.

– Застанавме неколку пати, тој истиот застана зад нас или нѐ поминуваше на куси периоди и чекаше повторно да тргневме и кога продолжиевме, во моментот кога виде дека е забележан, а сето тоа го објаснив подоцна во видеото, веднаш потоа го напушти местото на настанот и после неполна минута бевме застанати од страна на обележано полициско возило во присуство на три полициски службеници коишто на многу непрофесионален начин пристапија до возачот и побараа документи од него, на мене не сакаа да ми одговорат на ниту едно прашање и потоа се вклучив на социјалните мрежи, рече тој.

Loading...

Димитриевски вели дека биле задржани час и половина. Првично ги довеле во непознат правец со флешери и полициска придружба, а дополнително на технички преглед на возилото.

– Целиот тој период полициските службеници беа непрофесионални и побарав да се идентификуваат, и на моето барање неколку пати ги дадоа своите значки, додека третото лице рече дека нема полициска значка и дека е само полициски припадник и го кажа своето име и презиме. Моето барање откако заврши техничката контрола на возилото и беа востановени неточни податоци побарав да ми биде издадена потврда за задржување повеќе од 15 минути лично тоа го одбија додека на лицето кое управуваше со моторното возило издадоа тие потврди, посочи Димитриевски.

Димитриевски ги демантираше написите на одреднеи портали дека управувал нерегистрирано возило и истакна дека и ретко самиот вози откако е во кампања.

За возилото во кое се движел денеска вели дека е во сопственост на лизинг компанија добиено на користење. Во однос на образложението од МВР кое го пренесоа дел од медиумите дека бил запрен поради затемнети стакла, тој вели дека возилото можело да користи таква фолија.

– Моето возило не е службено, тоа е возило на лизинг компанија со која имаме договор за користење и го користиме со полномошно, ние државни ресурси не користиме во изборен процес и откако сум влезен во кандидатура за градоначалник во ниту еден момент не користев службено возило, туку приватно кое согласно законот има право да има затемнети стакла, но суштината тука не е за затемнети стакла, стаклата не се прекшок со кој помпезно градоначалникот се затвора во кола без никакво образложение и како најголем криминалец се шета низ целиот град со ротации и се води на технички преглед, тоа се решава за пет минути, јас не добив образложение од полициските службеници кои во исто време комуницираа на телефон и на други средства за комуникација претпоставувам со нивните претпоставени, па тие нека дададат објаснување, рече тој.

Порача дека во Куманвоо притисоците на поминуваат.

– Ова е само континуитет во обидот да бидат заплашени луѓето во тимот на Максим Димитриевски и мене како кандидат и сакам да упатам јасна порака и до господинот Оливер еден и до господинот Оливер два, 31ви октомври е многу блиску, граѓаните ќе видат со каква нереална власт која од страна на вас поединци за жал се трансформира во режимска власт против каква се боревме и тоа остро ќе го казни во Куманово на 31ви бидејќи кај нас притисоци не поминуваат, че тој.

Вели дека нема доверба во Министерството за внатрешни работи, случајот не го пријавиле бидејќи досега од две пријави не било реагирано за ниту една.

Loading...

– Да го потсетам министерот Спасовски дека веќе од штабот „За наше Куманово“ имаме пријавено неколку кривични дела кои се работат согласно законот, а се поврзани со изборниот процес, едната е физичкиот напад и насилно однесување растурање на собир во Долно Којнаре, а другата е за изнудување на поткуп во изборен период, сѐ уште нема никаква повратна информација до пријавите.Еве апелирам министре да се вклучите директно да ги расчистите. Но, паралелно со тоа сме сведоци како се прославуваат лажни настани и лажни победи на кои се пее од ваша страна директно со слоганот „Чао Максо, а вистинската песна е „Чао Бела“, тоа можевме да го научиме во некои други времиња кога барем се боревме за истите вредности, но денеска министре вие се борите токму против таквите вредности против кои своевремено се боревме заедно, изјави Димитриевски.

Димитриевски повика на смиреност во јавноста и упати благодарност на луѓето што денеска се собраа пред Автомото сојузот каде беше вршен техничкиот преглед на возилото, за да му упатат поддршка.

Вели дека од партијата сѐ уште не е исклучен, а вели дека е дел на истраги во СВР Куманово повеќе од три години.

– Јас сум предмет на истраги во рамки на СВР Куманово повеќе од три години и сите постапувања од страна на СВР Куманово се постапувања по однос на неосновани, наводно анонимни кривични пријави коишто никогаш немале свое тло и никогаш по службена должност не се гонат лажните пријави бидејќи тие се пишуваат од страна на поединци таму и потоа се легализираат за да нѐ насочат во друга форма да се бранам со правни тимови, а не да се борам за граѓаните. Граѓаните тоа ќе го препознаат, јас воопшто не се плашам ниту пак се обесхрабрувам од вакви обиди, сакам да го прашам господинот министер што бараа членови на МВР и неговото лично обезбедување и шеста управа на денот на избори во гласачко место Ајдучка чешма, Пуковско, до ден денеска иако имавме прес конференција тоа никаде не беше објавено ниту добивме одговор за тоа, рече тој.

Како што вели „Нема да поминат ни пакети, ни цели палети бекатон плочки и многу други работи“.

– Континуирано општината е спречувана да ја релизира својата годишна програма за работа бидејќи сметаме во општината дека без разлика дали е изборен процес или не, ние сме должни да испорачуваме кон граѓаните согласно годишна програма не може општината да престане да работи, но поединци во МВР се обидуваат да нѐ спречат во тоа, нема да не обесхрабрат и ние ќе продолжиме, рече тој.

Додава дека додека Оливер Спасовски е во МВР, нема доверба во министерството.

– Имаме институционални механизми, но секако дека нема да ги пријавуваме во МВР бидејќи одат по принцип кадија те тужи, кадија те суди, се додека во оваа ресорно министерство е господинот Спасовски јас лично немам довеерба, но таму има високи професионалци кои еден ден ќе работат сите потребни докази и документи ги чуваме и ќе ги депонираме еден ден за да се изврши целосна контрола на сите случаеви, ако погледнете дека гонење на лице по службена должност во организиран криминал, нема епилог, многу случаи стојат, тоа беше и случајот со ковид, кога беше намонтирана кривичната пријава и тоа е сосема доволен показател дека во вакви случаи не треба да се има целосна доверба во институциите на системот, вели тој.

Loading...