Димитриевски: Развојот на Куманово мора да продолжи и понатаму, во план за реализација се над 800 проекти

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски денеска го посети зелениот пазар на бул. Октомвриска револуција во Куманово, каде
со граѓаните разговараа за сите досегашни имплементирани проекти, како и за проектите кои следуваат во следниот мандат.

Loading...

„Задоволни сме ние, но задоволни се и граѓаните од развојот во овие четири години кој мора да продолжи и натаму. Во наредните четири години, во план за реализација се над 800 проекти преку кои ќе го подобриме севкупниот квалитет на живот. „За наше Куманово“ е граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните. Иницијатива преку која секој граѓанин може да се вклучи со свои идеи, сугестии и концепти за подобро, похумано и поразвиено Куманово. На 17-ти октомври поддржете нè и дозволете ни да продолжиме со реализација на локалните политики кои значат подобар живот за сите кумановци“, рече Димитриевски.