Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Здружение за хумано домување „Хабитат Македонија“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ – Скопје.

Loading...

Целта на потпишувањето е заедничкиот интерес на двете страни за подобрување на условите за домување на семејствата, кои живеат во станбени објекти, преку нивно приклучување кон системот за дистрибуција на природен гас, како и развивање системски мерки за учество на Локалната самоуправа во поддршка на домувањето, преку модели за управување и инвестициско одржување на колективни станбени згради.