Димитриевски: Отворивме канцеларија на граѓанското здружение „За наше Куманово“

Сподели со своите пријатели

Носителот на листа од последните локални избори на граѓанското здружение „За наше Куманово” и актуелен градоначалник Максим Димитриевски вчеравечер присуствуваше на отворањето на канцеларија на граѓанското здружение во Куманово, здружение кое има за цел да работи од граѓаните за граѓаните и во следните три години да испорача што поголем број на реализирани проекти.

Loading...

 

 

Димитриевски се заблагодари од срце на сите присутни што дадоа поддршка.

 

 

Loading...

„Ви се заблагодарувам од срце, чим сте вечерва тука вие де факто сте за нас и со нас, а и ние за вас. Тука е една авангарда којашто не се раѓа само во Куманово, туку се раѓа на територија на цела држава и има намера оваа наша држава да ја врати на вистинските корени, на крушевски и асномски корени, на борба против фашизам и за се она што се бореле нашите предци, без разлика колку да не убедуваат и едни и други, фактот е еден, ние како народ сме поделени и повеќе од потребно е да се јави едно народно, политичко движење што ќе се појави на политичката сцена кое нема само да владее, туку ќе практикува власт, да се стави во функција на народот и да го обедини”, порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

 

 

Димитриевски истакна дека има храбри граѓани во Куманово и во државата кои ќе покажат дека државата може да се менува на подобро.

„Направија политиката да биде најпрофитабилен бизнис, а бизнисот да биде во функција на поединци кои ја водат државата. Ние против таква Македонија имаме намера да се бориме, ќе излеземе со чесни луѓе и вистинска понуда и ќе победиме на следните парламентарни избори. Нема да се откажеме од Куманово, туку ќе продолжиме да работиме за наше Куманово и наши кумановци и ќе го правиме од ден на ден подостоинствено место за живеење. Куманово е голем град, најголема општина во Македонија, али за разлика од останатите во оваа држава ние се разликуваме по тоа што сме кумановци, без разлика кој на која етничка заедница, религија, вера или политичка припадност припаѓа. Ние сме силни и во срце и во душа, на нас никој не може да ни удри шамар затоа што ние како граѓани сме биле тие кои ги правеле најголемите промени во кое било општество или власт”, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

 

Loading...