Димитриевски: Од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ќе водиме позитивна кампања

Сподели со своите пријатели

Водење позитивна кампања најави денеска актуелниот градоначник на Општина Куманово и независен кандидат за претстојните локални избори Максим Димитриевски, по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски изборен процес што се одржа денеска во просториите на општината.

Loading...

– Ние од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ќе водиме позитивна кампања, а јас како актуелен градоначалник секако ќе го презентирам и сето она што беше направено до сега и што планираме во иднина како концепт „За наше Куманово“ да го реализираме во нашата општина, изјави Димитриевски.

 

 

Како што додаде, тој како кандидат континуирано се придржува до сите законски мерки, но вели, дека дел од противкандидатите не го прават тоа.

– За жал не можам да кажам за некои од останатите кандидати кои водат отворена  кампања и во овој период иако тоа не е дозволено. Особено со испраќање на јавни пораки и повикување на граѓаните да гласаат каде се истакнуваат дури и броевите, но за тоа има надлежни органи кои треба да го следат тој процес. Посакувам позитивна и успешна кампања, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Инаку токму на иницијативата на Димитриевски, во понеделник сите кандидати за градоначалник ќе имаат заедничка кафе средба со што официјално ќе ја започнат кампањата за годинешните локални избори.

Никола Ивановски