Димитриевски од Градскиот пазар во Куманово: Потребно е да продолжиме по патот којшто заеднички го зацртавме, силна економија и стопанство, повеќе зеленило и паркови

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски утрово беше во посета на Градскиот пазар во Куманово каде подели промотивен  материјал и разговараше со граѓаните.

Loading...

„Дискутиравме за потребите за подобар квалитет на живот, за реализација на нашите предвидени проекти кои имаат за цел да ја унапредат инфраструктурата, образованието, спортот, да ги активираат младите и да придонесат за благодет на граѓаните. Реализиравме многу проекти, но потребно е да продолжиме по патот којшто заеднички го зацртавме. Силна економија и стопанство во Куманово, повеќе зеленило и паркови, реконструирани градинки и школи, спортски игралишта, грижа за секој еден. За наше Куманово има капацитет и проекти како сето ова да го реализира. На 17-ти октомври дадете ни ја поддршката за мое, за твое, за наше Куманово!“, рече Димитриевски.