Димитриевски: Обезбедивме буџет за реконструкција на малиот градски плоштад

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во буџетот за 2023 година се планирани 1.7 милиони денари буџет за реконструкција на Соколана, 19.7 милиони денари буџет за реконструкција на Спротската сала и 40 милиони денари буџет за реконструкција на малиот градски плоштад во Куманово.

Loading...

Тој истакна дека сега откако е реконструирано главното спортско игралиште во комплексот Соколана се планира реконструкција на останатите спортски игралишта во комплексот, како и реконструкција на матичниот објект Соколана.

„Реконструиран е кровот на Спортската сала. Се работи на реконструкција на трибините, а ќе следува и реконструкција на паркетот во спортската сала и боксерската сала. Во следните фази се планира реконструкција на соблекувалните, санитарните јазли, партерно уредување на комплексот, нов семафор како и други интервенции за обнова на објектот“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Тој потенцираше дека малиот градски плоштад ќе блесне во полн сјај задржувајќи го автентичниот изглед со сите значајни спомен обележја на наше Куманово.

„За 5 години активно залагање и грижа за нашиот град покажавме и докажавме дека чекор по чекор, полека но сигурно го враќаме сјајот на Куманово и сите значајни објекти и обележја на градот. Општина Куманово сега е финансиски стабилна општина со капацитет да одговори на потребите на граѓаните во услови на економско-енергетска криза, обезбедувајќи директна поддршка и помош на граѓаните преку субвенционирање на градскиот јавен превоз за сите граѓани, преку повеќе различни програми за помош на ранливите категории на граѓани и граѓански здруженија, притоа продолжувајќи паралелно со тоа да инвестира во објектите значајни за Куманово и кумановци, во развој на инфраструктурата, спортот, културата, образованието и сите други важни сегменти во општественото живеење. Куманово продолжува да се менува!“, потенцира Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето