Димитриевски: Нема да се рушат угостителските објекти кои се дивоградби

Сподели со своите пријатели

Угостителските објекти лоцирани во Касапскиот круг, Соколана и Занаетчискиот дом во иднина ќе мора да почитуваат строги одредби кога станува збор за поставување на времени објекти и урбана опрема, вака одлучи денеска Советот на Општина Куманово на 13. Одржана седница.

Токму овие три посочени објекти се под културна заштита, па посебниот третман е со цел да се зачува автентичноста на истите.

– Не е можно и допустиво на такви објекти да се поставуваат елементи кои ќе ја нарушат нивната првобитна вредност. Ако појдеме во Касапски кург има најмалку три до четири летни бавчи која секоја на свој начин го има осмислено и поставено својот ентериер или екстериер на своите угостителски објекти од тие причини, должни сме согласно закон проектот да го доставиме до конзерваторски центар да добиеме од нив согласност, па потоа да издадеме одобрение. Тоа е процедура која за жал до денеска не се почитува, не дека не треба, туку затоа што до нас угостителите не доставиле соодветна документација по која можеме да постапиме, вели Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за урбанизам.

 

Loading...

 

Меѓутоа, оваа одлука донесе плодна дебата кога станува збор за летните бавчи и угостителски објекти кои узурпираат определени делови од градот, особено во централното градско подрачје.

Градоначалникот Максим Димитриевски рече дека во последните 10-15 години урбана опрема и времени објекти угостителите имаат поставувано спротивно на сите одредби и правилници и притоа најави дека толеранција повеќе нема да има.

– Пред три години советот донесе одлука со која ги намали цените за издавање на градежното земјиште пред самите локали, на сите овие угостителски објекти и тоа по два основи, општината издава простор за поставување на урбана монтажно-демонтажна опрема и по втор основ тоа е исто така дозвола за поставување на столови и маси од времен карактер во период додека се врши дејност и таа категоризација на цени се движи по реопни осум денари, седум денари и шест денари по метар квадратен. Најголем дел од објектите кои се во функција на територијата на нашата иопштина имаат поднесено барање и добиваат согласност. Во делот на барање за поставување на урбана опрема од времен карактер немаат добиено решение, а веќе ја имаат поставено и тоа трае со години до моментот на доаѓање на функција на овој совет и на мене како градоначалник, тоа беа изградени и веќе поставени урбани опреми, рече Димитриевски.

Како што додаде Димитриевски, дел од објектите се изградени и во изборната кампања, а додека моменталниот состав е на власт направени се две реконструкции на угостителски објекти. Тој посочи дека поголемиот дел од нив се дивоградби. Најави дека ќе свика состанок со угостителите на кој ќе разговара да се изнајде решение на урбанизацијата, но и на проблемот со неплаќање на услугите кон локалната самоуправа.

– Во периодот откако е оваа гарнитура политичка имаме според мои информации две реконструкции на постоечки урбани опреми,е дна е локација „Корзо“, а втората „Баш пеливан“ каде имаше дополнително пречекорување на градба, узрурпација на дополнителна површина и реакции на надлежните служби при што самиот инвеститор ја отстрани градбата. Третиот објект е „Ирски паб“, орпема псотавена во период на предизборието, надлежните служби псотапија согласно овластувањата и ги имаат евидентирано сите овие градби и имаат издадено прописни решенија. Јас како градоначалник сакам да работам со сите прописи кои се на сила, но овој проблем е генерален во државата. Ние имаме членови на совет со вакви бесправни градби, имаме луѓе вработени во јавна и државна администрација кои имаат вакви градби, рече Димитриевски.

Доколку се применуваат законските прописи, Димитриевски рече дека над 80 вакви објекти во градот треба да будат урнати. Градоначалникот рече дека и инспекциските служби не се соодветно екипирани, дека им недостасуваат правници и градежни архитекти, кои био ја зајакнале контролата врз угостителите.

Димитриевски најави дека ќе продолжи борбата против дивоградбите и непрописното градење на територијата на Општина Куманово, но нема да ги сруши угостителските објекти кои се дивоградби.

Leave a Reply