Димитриевски: Не пријавивме во МВР бидејќи немаме доверба во МВР, тие го организираа целиот тој настан

Сподели со своите пријатели

Случаите на агитирање, притисоци и поткупи за кои вчера обвинија кандидатите за советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово не биле пријавени во Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појасни денеска кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски, не било пријавено отие немаат доверба во МВР, бидејќи, како што рече, токму МВР го организирале целиот тој настан.

– Нашите претставки се поднесени до меѓународните мисии и набљудувачи во државата. Морам да истакнам дека во моментот за жал се создаде во Куманово систем којшто функционира по принципот Кадија ве тужи, кадија ве суди. Голем број на припадници на Минситерството за внатрешни работи, а најголем дел од нив коишто беа се вклучени во личното обезбедување на актуелниот министер Спасовски беа директно инвловирани во изборниот процес и правеа изборни нерегуларности, но за жал не постои систем кој во моментов може да го демонтира таквото нешто бидејќи секогаш при наш обид да направиме фотодокументирање или обезбедиме дополнителни докази бевме спречени и официјално од униформирани или неуниформирани службени лица, каде нашите активисти беа легитимирани и спречувани да го докажат тоа во вистинска смисла на зборот, изјави Димитриевски.

 

Вели дека ссистемот ќе биде демонтиран од страна на граѓаните на 31ви октомври.

– Не пријавивме во МВР бидејќи немаме доверба во МВР, МВР беше таа која го организираше целиот тој настан. Сведоци бевме дека низ Куманово се шетаа цели шлепери со бекатон плочки, дополнително комбиња и камиони каде се делеше различна вид на помош. Од страна на полициски службеници беше организирано делење на пари, организиран поткуп и сето тоа најдобро го знаат кумановчани, а да не зборувам за влегување во детали, семејства, каде беа уценувани поединци со вадење на лични досиеја итн. Но, тоа граѓаните го препознаваат и на 31ви ќе го казнат уште повеќе, изјави Димитриевски.

Никола Ивановски

Loading...