Димитриевски: Нашата советничка листа и изборната програма се составени од млади лица, тие имаат можност за допринос во делот на развојот на демократијата

Сподели со своите пријатели

„Куманово има млад човек којшто е вработен и задолжен за младинските прашања. Во моментов, во финална фаза реализираме канцеларија за млади,
која се наоѓа спроти стара печатница во поранешните простории во Министерството за информатичко општество. Тоа се две простории кадешто секој млад човек ќе дојде и ќе разговара со лицето коешто е задолжено да ја врши таа работа во општината“, ова го потенцираше независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски на дискусијата на тема „Колку потребите на младите во Куманово се инкорпорирани во програмите за локалните избори 2021?“ заедно со кандидатите за градоначалници во рамки на кампањата „Слушни ме“, организиран од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).

Loading...

Димитриевски истакна дека покрај изградените 13 игралишта, ќе се инвестира во нови терени.

„Ако успеавме за една ипол година да направиме 13 терени од коишто најголем дел се модерни, тартан терени во училиштата, во средните и во основните училишта. Пред два дена завршивме два проекти, но поради изборите не ги рекламираме, во Агино село и Романовце. Тоа се нови и современи училишта. Такви треба да имаме во секое училиште. И дополнително, во секоја урбана едицина ќе изградиме зелени катчиња, урбани катчиња. Ќе прашаат зошто досега не е направено? Затоа што до пред 4 години немавме канти и клупи. Имаме еден факт, се што ќе изгради општината се уништува од едно неодговорно однесување. На пример, во градскиот парк за една вечер беа уништени 46 клупи. И тоа е една масовна појава. Треба да се има општествена одговорност. Она што им е најважно на младите, јас се чувствувам млад човек ако имам 45 години. Мојата дефиниција за млад човек без разлика на Законот е додека имате родители и ве викаат сине и дете вие сте млад човек. И во тимот којшто ја работевме програмата, а добар дел од лицата се и кандидати за советници. Имаме прилично млада советничка листа, токму дојдоа идеите од самите млади лица, но неоптеретени политички луѓе коишто некои од нив дури останаа и студираат на врвни светски универзитети тука за време на изборниот процес за да дадат свој допринос во делот на развојот и на демократијата, но и на можностите за младите луѓе“, рече Димитриевски.