Димитриевски на средба со претседателите на месните заедници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска се сретна со претседателите на 68-те месни заедници од општината.

Пред претставниците од руралните и 16-те урбани заедници  Димитриевски рече дека ќе работи на решавање на приоритетните проекти, поединечно за секоја месна заедница, кои ќе бидат одговор на потребите и проблемите кои ќе ги побараат граѓаните од различните делови од општината.

– Имам намера да ги дисперзирам општинските средства за да допрат во секоја средина, рурална и урбана на територија на општината. Оперативниот буџет со кој располагаме ќе биде поделен согласно реалната слика, согласно број на граѓани, рурална, урбана средина, ниво  на развој на самата месна заедница и врз база на тој буџет,ќе се дисперзираат средства за секоја месна заедница, рече Димитриевски.

Како што рече, ќе има постојано определни средства за  развој на централното градско подрачје. Побара раководствата на месните заедници да му достават писмен извештај за состојбата со месните заедници и раководства. Врз основа на тоа што ќе го достават ќе биде звршен целосен увид, ќе се видат мандатите и ќесе бараат волонтери  бкои со него и со Советот ќе работат на решавање на комуналните проблеми.

Новиот кумановски градоначалник најави дека двапати годишно ќе има директни средби со жителите на секоја месна заедница. При распределбата на средствата ветува дека ќе се води сметка и за одредени месни заедници кои со години не плаќале комуналии.

Според  Димитриевски, општината се соочува со узрупација на простории на месни заедници.

Претседателите на неколку месни заедници, Агино Село, Колитско и Бељаковце, побараа решевање на комунални проблеми, односно, изградба на патишта и други инфраструктурни решенија за потребите на жителите на овие рурални заедници. Димитриевски, нагласи дека мора да се посочат прироритетените потреби. Тој го поздрави домаќинското работење на неколку месни заеници, кои имаат акумулирано средства за решавање на проблемите на граѓаните.

Извор: МИА

Loading...